Загина редар на ридско-брзинска трка во Пробиштип

Ридско-брзинска трка во Пробиштип денеска заврши трагично по животот на еден од редарите. Настраданиот бил редар на трката, а автомобил кој излетал го удрил при што паднал во провалија. Лицето починало на пат кон болницата. Клубот Custom Car Racing Team информираше за несреќата.

„Крајната неспособност на АФМ денес доведе до жртва !
На крајно небезбедна патека без банкини која незнаеме како можеле да ја лиценцираат и направат безбедносен план во Пробиштип каде овој викенд организираа ридско-брзинска трка згасна човечки живот кој беше удрен од тркачки автомобил на целта при тоа беше и дел од организацијата.
Одговорноста за овој настан треба да сноси целото раководство на АФМ а тоа се Ранко Станојковски, Павле Доневски и неговиот клуб Проспорт и Кристина Станојковска. Големо сочуство до фамилијата од нас како спортски клуб“.

Се вчитува...