Загорац три години во Партизан

Екс-кошаркарот на Мега, Раде Загорац, денеска потпиша тригодишен договор со Партизан. 22-годишното крило беше мета на двата белградски ривали, а кошаркарот се одлучи за „црно-белите“.

За „Арена спорт“, Загорац истакна дека имал желба уште од мали години да заигра за Партизан.

„Од секогаш сум сакал да играм за Партизан, тоа е моја детска желба. Имав три желби во мојата кариера, да играм за Партизан, да играм во НБА и да играм за репрезентацијата. Две од три засега ми се исполнија, а сега добив шанса и за третата – да заиграм за Партизан“, истакна Загорац.

Талентираниот српски кошаркар во претходните пет сезони играше за Мега, за летово да потпише тригодишна соработка со Мемфис гризлис, но неговото патешествие во САД заврши по три месеци откако клубот одлучи дека Загорац е вишок во тимот и го раскина договорот.

Се вчитува...