Загрепски „Максимир“ меѓу трите најгрди стадиони во Европа

Според истражувањето на агенцијата „Money“, на основа на рецензиите на платформите Google, TripAdvisora и Football Ground, стадионот „Максимир“ во Загреб е трет најгрд стадион во Европа.

Максимир службено може да прими 24.850 гледачи, но после земјотресот во Загреб затворена му е источната тирбина и е неупотреблива.

На првото место на овој избор се наоѓа стадионот „Карло Кастелјани“, односно стадионот на кој игра Емполи. Станува збор за стадион кој прима 16.800 гледачи и трибините се целосно раздвоени и оддалечени од теренот поради атлетската патека.

Вториот најгрд стадион е „Баладиос“ во Виго, на кој игра тимот на Селта. Сепак, шпанскиот клуб почна да работи на негово реновирање, па изградени се нови трибини. Трошоците за реновирање се очекува да чинат 50 милиони евра. Остана уште да се заврши западната трибина.

На листата на најгрди стадиони се најдоа уште и „Кинг Бодуен“ во Брисел, потоа „Колосеум Алфонсо Перез“, стадионот на Гетафе.

Се вчитува...