Загриженост во Јуве: Што се случува со Дибала во Аргентина?

Пауло Дибала ќе го пропушти и следниот натпревар на Аргентина, против селекцијата на Боливија откако не успеа да се рехабилитира од болките во абдоменот поради кои не настапи ниту на премиерниот дуел од квалификациите, во кој „гаучосите“ без негова помош триумфираа над Еквадор со 1-0.

„Дибала нема да може да настапи против Боливија. Проблемите со абдоменот се уште го мачат овој фудбалер, кој нема да може да игра на следниот натпревар“, соопштија од аргентинскиот национален тим.

Оваа објава е доволна причина за аларм во Јувентус, каде со нетрпение го очекуваа камбекот на аргентинскиот генијалец во нападот, каде Дибала се покажа како идеален партнер на Кристијано Роналдо. Тој ги пропушти последните натпревари од ланската сезона поради повреда на мускулот, неодамна се врати во целосен тренажен процес, но по последните здравствени проблеми тешко е да се поверува дека Дибала ќе може да настапи на наредните две средби на Јуве, против Кротоне во Серија А и против Динамо Киев во Лигата на Шампионите.

Се вчитува...