Загриженост во Јувентус: Роналдо се повреди, првите информации се лоши

Јувентус испушти победа во последните секунди од натпреварот против Лацио во Рим, меѓутоа тоа што најмногу го загрижи Андреа Пирло е повредата на Кристијано Роналдо.

Португалецот излезе од игра во 76. минута откако го повреди скочниот зглоб. Во Јувентус се и тоа како загрижени затоа што е јасно дека повредата воопшто не е наивна.

Според најавите, утре го чекаат деталните лекарски прегледи по што ќе биде познато колку ќе мора да отсуствува од терените. ДАЗН објави дека сигурно ќе го пропушти собирот на репрезентацијата на Португалија, и дека ќе биде надвор од терените најмалку две недели.

 

Се вчитува...