Захариевски: Само едно добро полувреме не е доволно да избегнеш пораз во Тетово

Струга ТЛ со пораз ги почна пролетните активности во Првата македонска фудбалска лига.

Тимот на Срѓан Захариевски не успеа да и парира на Шкендија во Тетово, запишувајќи пораз од 3-1, но стружани очекуваат во продолжението од првенството да се игра согласно прикажаното од второто полувреме.

„Одигравме едно слабо прво полувреме и добро второ полувреме во Тетово. Но, сепак не беше доволно да се вратиме непоразени во Струга. Второто полувреме ќе ни биде појдовна точка за наредните искушенија што не чекат во првенството. Ни се враќат и шесте играчи кои отсуствуваа на овој натпревар со Шкендија, па сигурно во иднина ќе бидеме поконкуретни” – вели стратегот на Струга ТЛ, Срѓан Захариевски.

Се вчитува...