Захариевски: Донесовме засилувања на испразнетите места, сега останува да се воиграме

Тренерот на Струга Трим Лум, Срѓан Захариевски зборуваше за текот на подготовките на екипата. Захариевски кажа дека екипата ги донела потребните засилувања, односно биле потполнети испразнетите места, и сега останува само добро воигрување.

„Подготовките течат според планот. Испразнетите места ги потполнивме и сега ни преостанува да ја воиграме екипата и да одговориме на предизвиците што не очекуват во првенството”, рече Захариевски.

Струга есенскиот дел го заврши на седмата позиција со 26 бодови, три бода заостанува зад четвртопласираната Брегалница. Струга исто така се пласираше во полуфиналето на Купот на Македонија, откако ја елиминираше Шкендија и тоа сред Тетово по изведување на пенали.

Се вчитува...