Захариевски: Победата ја посакувавме од првата минута, заслужено стигнавме до триумф над Скопје

Струга Трим и Лум стигна до триумф во самиот финиш од 1-0 против Скопје. Стружани доминираа на мечот против Скопје, но до победата и трите бода дојдоа благодарение на голот на Иван Галевски во 94. минута. Сето тоа за огромна радост покрај Охридското езеро. Тренерот на тимот Срѓан Захариевски вели дека е задоволен од победата.

„Од првата минута ја посакувавме победата, а дојдовме до неа во последната за која мислам дека е сосема заслужена и веќе сме со мислите за наредниот куп натпревар со Саса“, изјави Захариевски.

Се вчитува...