Захариевски: Тешка победа, многу важна од психолошки аспект

Шефот на стручниот штаб на Струга ТЛ, Срѓан Захариевски е повеќе од задоволен од првата победа на неговиот тим сезонава. Стружани во првиот меч на домашен терен оваа сезона славеа минимално со 1-0 против велешки Борец.

„За нас ова беше многу тежок натпревар од психолошки аспект. После двата гостински мечеви требаше да играме на домашен терен и да бркаме победа. Бодовите многу ни значат моментално и понатаму бидејќи за противник ќе го немаме притисокот. Во првиот дел одигравме многу добро, додека во второто нападите не беа жестоки, но тогаш пресуди желбата на играчите затоа им честитам за победата“ – ни изјави Захариевски по вчерашниот дуел во Струга.

Херој на победата на Струга ТЛ беше дефанзивецот Александар Ристевски кој постигна ефектен гол со глава.

„Оваа победа вреди многу повеќе од три бодови. Многу ни требаше ваков позитивен резултат бидејќи после непосакуваниот старт немавме избор во мечот со Борец. Секогаш при прекини се преселувам во казнениот простор. Овој пат се најдов на вистинско место и многу ми е мило што погодив за победа“ – вели Ристевски.

Се вчитува...