Захариевски: Во Силекс ги минав најдобрите години, но нема сентименталност – желбата е сега финале во Купот со Струга ТЛ

Струга ТЛ и Силекс денеска од 13 часот во Струга во битка за финалето во Купот на Македонија. Само еден полуфинален натпревар кој ќе се соочи со Академија Пандев на 19. мај во финалето на најмасовното домашно клупско натпреварување.

Шефот на стручниот штаб на Струга ТЛ, Срѓан Захариевски верува дека неговиот тим ќе го даде максимумот за да дојде до триумфот на дуелот.

„Задоволен сум од неделниот натпревар против Беласица, и од пристапот и од играта што ја покажавме. Но, сепак мислам дека може и подобро. Сега не чека полуфиналето во Купот на Македонија. Ги поминав најдобрите години во Силекс, со која екипа освоив три шампионски титули и два куп трофеи, но во професионализмот не постои сентименталност, и секако дека ќе дадеме се од себа да го добиеме овој натпревар и да играме во големото финале, што би значело многу за нас како клуб“ – вели Захариевски.

А, околу самиот натпревар…

„Верувам дека ќе биде еден исклучително тежок натпревар, бидејќи се игра само еден натпревар, а влогот е голем и за двете екипи“ – дополнува стратегот на стружани.

Се вчитува...