Захов: Огромно е задоволството кога завршувате една ваква доминантна година!

Чуварот на мрежата на Шкендија, Костадин Захов е еден од најзаслужните за извонредната година на тетовци која ја заокружија со две освоени титули.

Тоталната доминација во македонскиот фудбал сезонава, како што вели Захов, носи без сомнение огромно задоволство во редовите на Шкендија… Квалитетот не беше спречен и синоќа во Струмица да дојде до израз и покрај катастрофално лошите временски услови за игра.

„Иако тешки услоги за игра сепак брзо, за 20 минути игра, го отворивме резултат што мислам дека беше клучно за продолжението од мечот. Ја оправдаме фаворитската улога и во финалето од Купот и на тој начин успешно ја завршивме оваа сезона, со два трофеи како што посакувавме“ – вели Захов по освојувањето на трофејот и во Купот со Шкендија.

Сега за „црвено-црните“ останува мал одмор па фокус кон натпреварите на европската сцена.

„Бевме убедливо најдобар тим во текот на целата сезона… Заслужено сме на фудбалскиот врв во Македонија. Сега останува, по кратка пауза, комплетно да се фокусираме на тоа што не очекува во квалификациите за Лигата на шампионите“ – ни изјави Захов.

Се вчитува...