Зајков: Нема причина да стравуваме од било кого

Макаимално оптимистичко е расположението меѓу младите македонски репрезентативци пред денешното заминување за Гдањск.

Еден од лидерите на нашиот национален состав Ѓоко Зајков верува дека секој од репрезентативците е подготвен за притисокот кој ги очекува.

“Притисок секако постои, но тој е позитивен. Тој ни носи дополнителен мотив да продолжиме по успешниот пат. Досега покажавме дека имаме квалитет, а сега е време да потврдиме дека ништо не е случајно” – рече Зајков на средбата со медиумите пред заминувањето за Полска.

Нема причина да стравуваме од било кој противник. Одиме да се надигруваме со сите. Одиме чекор по чекор, од меч на меч, но зошто и да не размислуваме за пласман во завршната фаза од натпреварите” – истакна Зајков.

Се вчитува...