Зајков официјално промовиран во Левски (ФОТО/ ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков и официјално промовиран во дресот на еден од најславните бугарски клубови, Левски.

Централниот дефанзивец стави потпис на едногодишен договор со Левски, по што денеска следеше и официјалната промоција.

По седум години, Зајков ова лето се раздели со белгиска Шарлероа. Претходно во кариерата настапуваше за Работнички во Македонија од каде потпиша за француски Рен. За Македонија има 17 официјални настапи и еден постигнат гол.

Се вчитува...