Зајон Вилијамсон, младата ѕвезда на НБА која сезонава дојде во Њу Ореланс како прв пик на драфтот, ќе им се приклучи на колегите од Лигата кои донираат пари за луѓето кои работат во салите каде што тренираат и играат. Објектите се затворени периодов и затоа вработените во нив се соочуваат со проблеми.
Целата идеја ја покрена Кевин Лав кој реши преку неговата фонадација да донира 100.000 долари за вработените во салата каде што игра неговиот тим. Потоа се приклучија и Зајон Вилијамсон и Јанис Адетокумбо.
„Луѓето во Њу Орлеанс ме дочекаа со отворени срца, ми дадоа поддршка кога дојдов минатиот јуни и во „Смути кинг центар“ запознав некои од најпрекрсните луѓе. Тоа се луѓето поради кои можеме да ги играме натпреварите. За жал, многу од нив се уште се справуваат со последиците од ураганот Катрина и сега дополнително имаат економски проблеми поради вирусот. Мајка ми секогаш ми беше пример за тоа како треба да ги почитувам другите и да бидам благодарен за она што го имам и затоа се обврзав во следните 30 дена да ги покријам трошоците за вработените во „Смути кинг центар“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА