Веќе некое време фудбалскиот свет зборува за враќање на Жозе Мурињо на клупата на Реал Мадрид. Вестите велат дека приказната ќе има позитивен крај за двете страни, и дека „Специјалниот“ е веќе договорен за враќање на „Бернабе“.
Според ЕСПН, официјалната промоција на Мурињо ќе биде идниот понеделник. „Кралевите“ играат меч против Атлетик Билбао во недела во 21 часот, а веќе следниот ден се чини ќе биде и официјалното претставување на Португалецот.
Мурињо се враќа во Реал после 13 години, а неговото враќање крена огромна прашина во фудбалскиот свет. Шпанските медиуми објавуваат дека на „Специјалниот“ ќе му биде дадена слобода не само да ја води екипата како тренер, туку и во пазарењето на играчи.
Како прво засилување за Реал се споменува Јошко Гвардиол од Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
