Закон си е закон: Уапсено 13-годишно дете за гаѓање на тренер со бонбони

Англичаните целосно ги следат правилата за спречување на насилство на стадионите, па токму од таа причина минатиот викенд било уапсено и едно 13-годишно дете, поради фрлање со бонбони кон противничкиот тренер.

Станува збор за инцидент на натпреварот меѓу Њупорт и Блекпул, на кој гостите постигнаа гол во самиот финиш за осигурување на победата од 1-3, по што кон стратегот Гери Бојер и неговите помошници почнаа да летаат тврди предмети кон трибините.

Само затоа што некој платил билет за да влезе на стадион, тоа не му дава за право да фрла со тврди предмети по актерите. Што ако бевме погодени во окото, тоа можеше да биде многу сериозно“ – изјави Бојер веднаш по натпреварот.

Полицијата експресно реагираше и го уапси виновникот – 13-годишно момче кое заедно со своите родители беше однесено на испрашување. Покрај паричната казна што родителите ќе ја платат, детето ќе добие и забрана за присуство на домашните натпревари на Њупорт.

Се вчитува...