Залудна поддршка од „Комити“, Вардар очаен – Пјуник поблиску до водство на „Филип Втори“ (ФОТО)

Вардар има 0-0 по првото полувреме на реванш дуелот против ерменски Пјуник на националната арена „Филип Втори“ во 1. квалификациско коло за Лигата на Европа.

„Црвено-црните“ имаат убава поддршка од своите најверни навивачи „Комитите“, но залудно кога на теренот повторно анемични фудбалери без некои посериозни шанси за погодок, со кои би се анулирала предноста на Ерменците од првата средба од 1-0.

Напротив, Пјуник и во Скопје по првите 45 минути поблиску до предност. Војнов најпрво во 11. минута се најде во одлична позиција но не успеа да реализира, а потоа и Корјан во 35. минута имаше извонредна шанса но мрежата на Гачевски, за среќа, остана недопрена.

Вардар имаше три обиди преку Бериша, Битанг и Мицевски, но далеку од сериозни за вистинско загрозување на противничкиот гол.

Во второто полувреме ќе треба многу повеќе од најтрофејниот македонски клуб за да се неутрализира предноста на противникот, и да се елиминира Пјуник.

Се вчитува...