Залудно засилување на Бруклин: Дурант нема да игра цела сезона

Иако требаше да биде најголемото засилување за Бруклин нетс, Кевин Дурант и дефинитивно ќе мора да ја пропушти целата натпреварувачка сезона во НБА лигата.

Дурант заработи повреда на Ахиловата тетива во минатосезонското финале од НБА лигата во дресот на Голден Стејт. Од Бруклин и официјално информираа дека ќе може да се врати на паркетот единствено можеби за плеј-оф серијата, доколку целосно закрепне од повредата.

„И дефинитивно е јасно дека не можеме да планираме на Дурант оваа сезона. Мислам дека ќе мора да паузира една година. Се на крајот ќе зависи и од него самиот кога ќе се чувствува подготвен да се врати на натпреварите“ – изјави генералниот директор на Бруклин, Шон Маркс.

Се вчитува...