Залудно звучните имиња Марсело и Родригез: Олимпијакос го има еден од најслабите стартови

Олимпијакос вчера беше поразен од ПАОК во големото грчко дерби, и така тимот сега заостанува од првото место цели 10 бодови, онаму каде што вечниот ривал Панатинаикос, кој, пак, го има најдобриот старт во историјата со осум победи од осум натпревари.

Олимпијакос има скор од четири победи, две нерешени и два порази, но катастрофалната сезона во Европа (две победи од 10 натпревари, и испаѓање од Лигата на шампионите), го прави тимот да го има најслабиот старт во историјата. Од 18 натпревари досега, Олимпијакос вкупно има четири победи, шест ремија и дури осум порази, што ретко кога му се случило на грчкиот тим.

За потсетување дека после испаѓањето од Лигата на шампионите, и после влезот во Лигата на Европа (победувајќи го кипарски Аполон на пенали во плеј-офот), тимот ги ангажираше звучните имиња Марсело и Хамес Родригез. Тимот смени и трет тренер. Почна Педро Мартинс, па потоа беше заменет со Шпанецот Корберан, за на крај да биде вратен Хозе Мигуел Гонзалез или накратко Мичел, кој имаше „златни“ мигови со овој тим пред десетина години кога два пати ја освои титулата за време на неговиот двегодишен „мандат“ во таборот на грчкиот првак.

Инаку пред почетокот на сезоната, Олимпијакос исто така ги ангажираше и екс хрватскиот репрезентативец Шиме Врсалјко, Диаде Самасеку од Хофенхајм, Зинкернагел од Ватфорд, Бакамбу од Марсеј, Де Ла Фуенте од истиот тим, Панајотис Рецос од Верона, но и тоа не беше доволно да се одбрани титулата оваа сезона, и веројатно Грција ќе има нов првак. После вчерашниот пораз од ПАОК на домашен терен, револтот го истурија и навивачите на тимот кои бараа промена на тимот и купување на млади играчи желни за докажување. За потсетување дека таму игра и Метју Валбуена, како и Сократис Папастатопулос.

Олимпијакос во моментов е последнопласиран во групата во Лигата на Европа. Тимот доживеа катастрофален пораз на домашен терен од Карабах (0-3), беше поразен и на гостувањето кај Нант, а исто така доживеа пораз и од Фрајбург дома 0-4. Единствен бод кој го освои е на гости со Карабах, играјќи 0-0. Тимот има само еден постигнат гол во групната фаза, и дури осум примени.

Се вчитува...