Замената на Левандовски во Баерн доаѓа од Ајакс

Се погласни се шпекулациите и информациите за заминување на Роберт Левандовски од Баерн Минхен, и покрај тоа што од таборот на „Баварците“ демантираат негово заминување. Сепак, „Баварците“ веќе се подготвуваат и бараат негова замена, а според сите информации таа доаѓа од Ајакс во напаѓачот кој оваа сезона ја воодушеви цела Европа.

Станува збор за Себастијан Халер, напаѓачот кој стана најдобар стрелец на тимот во Лигата на шампионите. Тој постигна гол во секој натпревар од групната фаза против Борусија Дортмунд, Спортинг и Бешикташ, и беше најаслужен за пласманот на неговиот тим во 1/8 финалето, каде испадна од Бенфика.

Халер наводно е на врвот на листата на желби на Баерн Минхен, пред се поради одличната форма, а предност преставува тоа што Халер знае германскки јазик, со оглед дека беше во Бундеслигата две години играјќи за Ајнтрахт.

Наводно Баерн веќе го конткатирал агентот на Халер, и сега се чека разврска на ситуацијата со Левандовски. Полјакот е на излезна врата, а најблиску до неговите услуги наводно е Барселона.

Се вчитува...