Замената на Меси во Барса доаѓа од Ливерпул?

Раководството на Барселона ќе се бори за да го задржи Лионел Меси на „Камп Ноу“, но каталонскиот гигант паралелно со тоа и прави планови како да ја надополни празнината во тимот доколку Аргентинецот на крајот сепак си замине од овој клуб. Според последните информации, каталонците планираат да тргнат на „шопинг“ во Ливерпул, а во центарот на вниманието ќе биде Садио Мане.

Сенегалецот имаше извонредна сезона во дресот на „црвените“, но главна препорака во случајов му е што имаше и беспрекорна соработка додека настапуваше за Роналд Куман во Саутемптон. Мане потоа од Саутемптон се пресели во Ливерпул, Куман го напушти кормилото на „светците“, но холандскиот стручњак има извонредно мислење за овој свој поранешен „пулен“, кого ќе се обиде да го донесе и во Барселона.

Мане неодамна потпиша нов договор со Ливерпул, но доколку пристигне интересна понуда ќе размисли за заминување од „Енфилд“. Англискиот првак ќе бара најмалку 150 милиони евра, сума што Барса ќе може да си ја дозволи доколку го продаде Меси.

Се вчитува...