Замената за Белингем во Дортмунд доаѓа од Челси

Борусија Дортмунд полека се подготвува за „живот“ без Џуд Белингем. Англискиот репрезентативец речиси сигурно заминува ова лето, по најавите дека ги стопирал преговорите за нов договор, и инсистира заминување од Дортмунд. Белингем е на „мета“ на Манчестер Сити, Ливерпул и Реал Мадрид.

„Милионерите“, пак, од друга страна добро ќе се „опарат“ од трансферот на Белингем. Бараат 150 милиони евра, а неговиот договор истекува во 2025 година.

Борусија Дортмунд веќе се пушти во потрага по негова замена. Според германските и англиските медиуми, ако успее да го продаде Белингем, тогаш челниците на германскиот тим ќе се обратат до Челси за потписот на Конор Галагер. Англискиот репрезентативец истакна незадоволство од неговиот статус во „сините“, со оглед дека повеќе е резерва отколку што е во првиот тим.

Според информациите, Челси за него ќе бара околу 50 милиони евра, што за Борусија Дортмунд нема да биде проблем, со оглед дека ќе заработи трикратно повеќе од продажбата на Белингем.

Се вчитува...