Заминување на Мбапе од ПСЖ ќе донесе „рокада“ кај европските гиганти

Заминувањето на Килијан Мбапе од ПСЖ и негов можен премин во Реал Мадрид е една од најголемите трансфер саги кои се одвива речиси една година. Французинот на крајот на сезоната е слободен играч и слободно ќе бира дали ќе остане во добропознатата средина на „Паркот на Принцевите“ или пак ќе замине во нова на „Сантијаго Бернабеу“.

Преминот на младиот ас во Реал Мадрид ќе значи и нов анагажман во редовите на ПСЖ, а француските медиуми пишуваат дека тоа ќе биде Усман Дембеле. Договорот на Французинот со Барселона истекува на крајот на сезоната па парижани ќе целат кон негово ангажирање без обесштетување.

Со тоа без напаѓач ќе остане и каталонскиот гигант, а Барселона како замена го гледа Роберт Левандовски. Полјакот бара заминување од Баерн Минхен и нов предизвик во каталонскиот состав па останува да видиме уште дали баварците ќе дозволат негово заминување и кој ќе биде неговиот наследник.

Се вчитува...