„Заминувањето на Бускетс значи почеток на враќањето на Меси во Барселона!“

Лионел Меси на маса има огромна понуда од Саудиска Арабија. Ал Хилал, со помош на државата, е подготвен да му понуди 600 милиони долари по години, но за Лео парите не се се во животот и подготвен е да се врати во Барселона за многу помала плата.

И каталонскиот тим на големо работи за враќање на клупската легенда. и Ла Лига е подготвена да даде зелено светло за потпис со услов да се реши од неколку играчи во износ од 100 милиони евра.

Барса е подготвена веќе за тоа, а и самиот факт дека во плати е ослободено дури 37 милиони евра годишно меѓу другото и со заминувањето на Серхио Бускетс, јасно го покрена процесот за враќање на Меси на „Камп Ноу“. Го потврди тоа и првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас.

„Заминувањето на Бускетс е почетокот на враќањето на Меси. Сепак, потребно е да завршат уште неколку нешта. Уште не сум дал никаква дозвола. Но…“ – истакна Хавиер Тебас.

Барселона наредниот период ќе направи се за враќање на Меси, а еден дел од тоа е продажба на неколку фудбалери.

Се вчитува...