Заниоло го одби Јуве: Сакам цел живот да останам во Рома

Николо Заниоло со само неколку месеци одлични партии го привлече вниманието на Јувентус, откако „старата дама“ подготви понуда од 40 милиони евра за да го доведе овој фудбалер во своите редови. Сепак, асот на Рома јасно стави до знаење дека воопшто не е заинтересиран за таков трансфер бидејќи има поинакви планови за својата иднина.

„Свесен сум за она што се пишува по медиумите, но тоа не допира сериозно до мене бидејќи воопшто не размислувам на тој начин. Може да се споменуваат секакви суми, но мене парите не ми се приоритет во овој дел од кариерата. Имам само една желба – да останам во Рома до крајот на животот, да станам симбол на овој клуб како некои легенди претходно. Смешно е сега да се споредувам со Тоти, но сигурно ќе се обидам да чекорам по неговите стапки“ – истакна Заниоло.

Овој 19-годишен фудбалер игра во одлична форма во последно време, постигнувајќи гол за реми на дербито со Милан, како и два погодоци за триумф над Порто во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Се вчитува...