Заниоло се врати со гол, „волчицата“ ја освои Бреша

Рома славеше со 0-3 на гостувањето против Бреша, меч што го одбележа камбекот со гол што го имаше Марко Заниоло. Младиот ас на Рома се рехабилитираше од тешката повреда на коленото, влезе во игра во второто полувреме и само седум минути подоцна ја затресе мрежата нa Бреша.

Првото полувреме не донесе ниту еден погодок, но „волчицата“ постигна гол во вистински момент, на самиот старт од вториот дел кога Фазио биеше прецизно во мрежата на Бреша. На 0-2 зголеми Калиниќ, пред конечните 0-3 да ги постави Заниоло. Един Џеко немаше среќа да се запише меѓу стрелците бидејќи еднаш ја погоди гредата, а еднаш дирекот од противничкиот гол.

Рома со овој триумф се зацврсти на петтото место со 54 бода, три повеќе од Наполи и пет повеќе од Милан.

Се вчитува...