Заостанати натпревари ПЛМ: МЗТ 2 и Вардар во значаен натпревар за опстанок, Кожув и Гостивар за враќање на победите

Прволигашката кошарка продолжува денеска со два заостанати натпревари од седмото и осмото коло во кои силите ќе си ги одмерат МЗТ Скопје 2 и Вардар, односно Кожув и Гостивар.

Избраниците на Боро Даскаловски и Александар Јованчев ги очекува значаен дуел во СЦ „Јане Сандански“ кој може да одигра клучна улога во борбата за опстанок. Вардар на оваа средба влегува на победата над Кожув го претходното коло, за разлика од младите „шткчиња“ кои беа поразени од лидерот на табелата, Пелистер. Дуелот помеѓу двата млади тима е со почеток од 16 часот и 30 минути.

Час подоцна, од 17 и 30, Кожув го пречекува Гостивар во „26ти Април“. Двата тима на оваа средба влегуваат по поразите на гостински терен во претходното коло од Вардар, односно Куманово, па победата е императив за „црвено-белите“ и „сино-белите“. Најдоброто оружје на гевгеличани и гостиварчани оваа сезона е шутот за три поени па ќе биде интересно да го проследиме „артилериското“ шоу на југот на Македонија.

Се вчитува...