Запленета пратка со лажни кинески НБА прстени

Американската царинска полиција пресретна пратка од 28 лажни НБА шампионски прстени, пренесуваат медиумите од САД. Утврдено е дека прстените се произведени во Кина, а намерата на анонимниот испраќач била да ги продаде во Аризона како колекција.

Вредноста на оригиналните НБА прстени изнесува 560.000 долари. Дизајнот на прстените е како тој на шампионските прстени кои се лесно достапни на он-лајн мрежите, но не ги вклучува имињата на кошаркарите и го нема написот „Светски шампиони“. Оригиналните шампионски прстени можат да се набават за цена од 10.000 до 40.000 долари, а во некои случаи можат да чинат и неверојатни 200.000 долари.

Медиумите наведуваат дека лажните прстени ги кршат правилата на НБА и на клубовите и дека тоа е главната причина за апсењето.

 

Се вчитува...