Фудбалската федерација на Македонија ги информира сите заинтересирани клубови дека од денеска е отворен процесот на пријавување на екипи за учество во следните натпреварувања:
ФФМ Детски лиги
ФФМ Регионални лиги за петлиња и помлади петлиња
Во следната сезона, во рамки на ФФМ Детските лиги ќе бидат опфатени пет натпреварувачки категории:
– Родени 2015 година – Фудбал 9
– Родени 2016 година – Фудбал 7
– Родени 2017 година – Фудбал 7
– Родени 2018 година – Фудбал 5
– Родени 2019 година – Фудбал 5
ФФМ Регионалните лиги за петлиња и помлади петлиња ќе ги опфаќаат следните три натпреварувачки категории:
– Родени 2012 година
– Родени 2013 година
– Родени 2014 година
Е-mail со детални информации за двете натпреварувања, како и начинот на пријавување за учество, во првата фаза по електронски пат, веќе е испратена до сите клубови кои учествуваа во изминатата сезона, како и до клубовите кои во изминатиот период покажаа интерес за учество.
Пријавувањето е отворено заклучно со 26.08.2026 година (среда). До наведениот рок, сите заинтересирани клубови најдоцна треба да ја поднесат пријавата по електронски пат.
По истекот на рокот, пријавувањето ќе биде затворено и ФФМ нема да биде во можност да ги земе предвид евентуалните задоцнети пријави.
За пријавување во кое било од наведените натпреварувања, клубовите потребно е да ја пополнат електронската форма која веќе ја имаат добиено по е-пошта.
Доколку клубот сe уште ја нема добиено електронската форма, потребно е да испрати е-пошта на bojan.markovski@ffm.com.mk, со следните информации:
– Име на клубот;
– Општинска фудбалска структура (ОФС) во која припаѓа клубот;
– Назнака за кое натпреварување клубот е заинтересиран за учество.
По приемот на информациите, клубот повратно ќе ја добие соодветната е-mail порака со детални информации за натпреварувањето и линк за електронско пријавување. ФФМ ги повикува сите заинтересирани клубови навремено да го завршат процесот на пријавување и да го почитуваат утврдениот рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
