Започна „врбувањето“ на ракометари: Петар Ненадиќ се пресели во Саудиска Арабија

Сложувањето на владата на Саудиска Арабија во спортот покрај фудбалот кој доживеа вистински „бум“ ова лето продолжи и во ракометот каде што тимовите наскоро се очекува да бидат засилени од врвни ракометари.

Меѓу првите Европјани кои се одлучи на овој потег е еден од најдобрите српски ракометари, Петар Ненадиќ кој кариерата ќе ја продолжи во Ал Хилаџ за договор кој му носи 600 илјади евра на годишно ниво.

Триесетиседумгодишниот Ненадиќ во својата кариера настапуваше за најголемите европски клубови како Барселона, Веспрем и ПСЖ, а преселбата во Саудиска Арабија ќе биде прв предизвик надвор од „стариот континент“.

Се вчитува...