„Запомнете ме како добар човек, а не како шампион“

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал говореше за своите очекувања до крајот на кариерата, но и по што сака да го помнат сите кога ќе ја заврши кариерата.

„За мене приватниот момент е поважен од професионалниот. Секогаш говорам дека повеќе сакам да ме помнат како добра личност, него како шампион. Зошто? Затоа што кога се ќе се собере и одземе, титулите се само момент на среќа, еуфорија, адреналин и успех, но се е тоа само дел од моментот. Јас секогаш сум јасен кога е во прашање таа тема: Успехот и заинтересираноста која ја предизвикувате кај луѓето, во бизнисот, се привремени“, изјави Надал. 

Надал неодамна во Париз на Ролан Гарос ја освои 20 грен-слем титула во кариерата со што се израмни на врвот на вечната листа со Роџер Федерер.

Се вчитува...