Зарабец го продолжи договорот со Кил

Миха Зарабец (26), останува во составот на Кил и во наредната сезона. Словенечкиот плејмејкер го продолжи договорот со германскиот гигант до крајот на сезоната 2019. Зарабец беше еден од најуспешните ракометари во репрезентацијата на Словенија на ЕП во Хрватска.

Миха и на ова Европско првенство, ги покажа своите способности. Добро е што сега имаме јасна слика за неговата иднина во Кил“ – изјави теренот на Кил, Алфред Гисласон.

Миха Зарабец на почетокот од оваа сезона од Целје се пресели во Кил. На ЕП во Хрватска, Зарабец со пет гола ја предводеше Словенија во дуелот против Германија (25-25) во групната фаза во Загреб, што беше уште една препорака за германскиот тим да го задржи во своите редови.

Се вчитува...