Заре Марковски го зеде и скалпот на Хрватска

Македонскиот стратег Заре Марковски забележа уште еден одличен резултат како селектор на Романија во квалификациите за СП 2019, триумфирајќи на гостувањето против Хрватска со резултат 56-58.

По победата во минатото коло над Холандија, Марковски со денешниот триумф направи уште еден голем чекор напред кон наредната квалификациска рунда земајќи го скалпот на хрватскиот состав кој продолжува да тоне во овој циклус. Македонскиот стручњак се соочи со сериозен проблем со нападот во првото полувреме, кога за 20 минути игра неговите избраници за 20 минути постигнаа само 21 поен. Романците на почетокот од второто полувреме бркаа негатива од 12 поени (34-22), но во вистински момент заиграа одлично во нападот, влегоа во серија и направија пресврт.

Во неизвесниот финиш, Хрватска од „минус шест“ дојде на „минус два“ на една минута до крајот, по што Пилепиќ промаши тројка. Жориќ реализираше во рекетот за намалување на 54-55 на 13 секунди до крајот, а Марковски веднаш зеде тајмаут. Следеше лична грешка врз Вотсон, романскиот Американец беше два пати прецизен од линијата за слободни фрлања, по што се влезе во серија „пенали“ од која Романија излезе како победник за триумф од 56-58, по промашената тројка на Крушлин со звукот на сирената.

Се вчитува...