Финалето на Купот на Хрватска ќе се игра по стари правила

Фудбалерите на Динамо Загреб и Ријека ќе водат битка за двата трофеи во Хрватска. Како во првенството, така и во Купот каде двата тима се во големото финале.

Финалето на Купот на Хрватска ќе се игра по старите правила кои некогаш важиле во европскиот фудбал. Така Хрватскиот фудбалски сојуз одлучи финалето да се игра во два натпревари, но интересно, ќе биде применето правилото гол во гости, нешто кое УЕФА повеќе не го користи.

Финалните натпревари на Купот на Хрватска ќе се играат на 15 и на 30 мај. Првиот меч ќе биде во Загреб, а реваншот во Ријека.

Се вчитува...