Зарем судиите се против Барса: Цели 28 кола без пенал и без црвен картон

Неколку фудбалери на Барселона предводени од Жерар Пике во бројни ситуации сезонава ги обвинија судиите за помагање на Реал Мадрид во трката за титулата. Сега дојде ред мадридските медиуми да го возвратат ударот, откако весниците „Марка“ и „Ас“ објавија статистички податок дека Барселона е првиот тим што во стартните 28 кола од сезоната нема добиено ниту еден црвен картон, ниту пак е досуден пенал против него.

Зарем толку во цела сезона немаше старт за пенал“ – иронично прашуваат медиумите наклонети кон Реал Мадрид, воедно потенцирајќи дека ривалите на Барса во Примера сезонава добиле шест црвени картони, а за калонскиот гигант биле досудени и пет удари од белата точка.

Последен пат екипа да не добие црвен картон и да не биде досуден пенал против неа во стартните 28 кола од Примера се случило во сезоната 1970/71, кога тоа било случај и со Барселона и со Реал Мадрид.

Се вчитува...