Засилување од Кил: Дисингер две години во Вардар

Кристијан Дисингер е ново засилување на РК Вардар, откако по раскинот на договорот со Кил германскиот репрезентативец се договори за двогодишна соработка со македонскиот првак. Како што ЕКИПА најави уште пред неколку дена, раскинот со „зебрите“ значеше и сигурен „дил“ со „вардарци“, што се официјализираше со синоќешната средба што левиот бек ја имаше со највисокото раководство на „црвено-црните“.

Дисингер (203 см. висок) е веќе во Скопје каде треба да ги мине лекарските прегледи пред да и се приклучи на екипата. Тој ќе биде првиот првиот германски репрезентативец што потпишува за Вардар. Германецот игра на позицијата лев бек и треба да биде засилување за тимот и да му помогне на тимот на таа позиција каде „црвено-црните“ се „тенки“ по повредата на Горбок.

Пред неколку денови Дисингер го раскина договорот со германски Кил каде настапуваше последните сезони. Со екипата на Кил го освои германскиот Куп, а исто така како дел од репрезентацијата на Германија во 2016 година стана европски сениорски првак. Со репрезентацијата на Германија го освои и бронзениот медал на Олимписките игри во 2016 година. Со младинскиот тим на Германија го освои златниот медал на младинското СП 2011 година.

Во својата кариера има настапувано за екипите на ТСГ Фризенхајм (2008-2011), Кадетен (2011-2013), Нептуно (2013), Либек (2015-2015) и од 2015 година за Кил.

Се вчитува...