Заслужено: Димитриевски во тимот на колото на Ла Лига

Столе Димитриевски продолжи со одличните настапи на голот на Валенсија, а маестралното издание на дуелот со Мајорка му обезбеди на македонскиот голман место во идеалниот тим на колото во шпанската Ла Лига.

Димитриевски беше извонреден против Мајорка, прими еден гол, но имаше дури седум успешни интервенции со што беше најзаслужен што Валенсија остана непоразена на ова незгодно гостување.

Покрај Македонецот, место во овој „Дрим-тим на колото“ во Примера имаше уште и за Ратиу од Рајо Вајекано, Ден Хујсен од Реал Мадрид, Давид Афенгрубер од Елче, Иглесијас од Хетафе, Ромеро и Аријага од Леванте, Гонзалез од Атлетико Мадрид, Саму Коста од Мајорка, додека местата во нападот се резервирани за тандемот на Реал Мадрид, Мбапе – Винисиус.

Се вчитува...