Заслужено: Кварацхелија е МВП на Лигата на Шампионите

Квича Кварацхелија апсоолутно заслужено е добитник на признанието за најдобар фудбалер во Лигата на Шампионите во сезоната 2025/26 откако грузискиот ас го предводеше ПСЖ до втората европска титула во клупската историја.

Кварацхелија блескаше кога беше најважно, во нокаут пресметките со Ливерпул, Баерн Минхен и во големото финале со Арсенал, кога токму по пеналот направен над него ПСЖ успеа да го израмни резултатот.

Грузискиот ас ја заврши сезоната со 10 гола и 6 асистенции, закитувајќи се со признанието што лани му припадна на неговиот тимски колега Дембеле.

За „откровение на сезоната“ беше избран турскиот интернационалец Арда Ѓулер од редовите на Реал Мадрид.

Се вчитува...