Застрашувачкиот Усман едвај преживеа во првата рунда, па до голема победа за УФЦ историја (ВИДЕО)

Камару Усман со технички нокаут во третата рунда го победи Гилберт Барнс и ја одбрани УФЦ-титулата во велтер категорија.

За Нигериецот тоа е 13. едноподруго победа во оваа категорија, надминувајќи го рекордот на Џорџес Пиере.

Барнс синоќешната борба во Лас Вегас ја отвори фуриозно дрмајќи го Усман уште во првата рунда. Усман видно потресен беше и на работ на пораз, но во продолжение се врати во борба и во следните рунди тотално доминираше.

Бразилецот во третата рунда немаше шанси. Веднаш на отворањето, по само 30 секунди Усман го погоди со директен удар во брада, Барнс падна на под и Усман со серија удари во глава ја прекина борбата.

Се вчитува...