Затоа е „ѕвер“ – Канте дошол на првиот собир на Франција шест часа пред останатите

Нголо Канте е жив доказ дека со максимална посветеност може да се успее на највисоко ниво во фудбалската игра. Неговата борбеност на теренот е добро позната, па Канте останува максимално скромен и по освоените титули во Премиер-лигата, како и онаа од последниот фудбалски мундијал во Русија.

Неговата професионалност останува на највисоко можно ниво, за што уште една потврда стигна денеска, на првиот собир на француската репрезентација на кој Канте се појавил речиси шест часа пред сите останати.

Селекторот Дешамп собирот го закажал точно на пладне, а чуварите на тренинг-кампот „Клерфонтен“ се изненадиле кога Канте се појавил пред главната капија во нешто по 6 часот наутро. Како што пишува „Л’Екип“, втор пристигнал Кингсли Коман, и тоа во 11 часот.

Се вчитува...