Затворен случај: Нема докази дека Нејмар ја силувал Наџила

Нејмар може да здивне откако бразилската полиција го затвори случајот против него по обвиненијатња дека голгетерот ја силувал манекенката Наџила Триндаде Мендес де Соуса. Асот на ПСЖ од првиот момент целосно ги демантираше обвинувањата, а во меѓувреме Наџила објави и видео-снимка од нивната средба еден ден по наводното силување.

Полицијата ги собра сите докази конфискувајќи ги телефоните на двајцата, за денеска да биде обелоденето дека истрагата е затворена поради недостиг на докази.

„Ова е одлука на полицијата по целосно разсгледување на сите можни аспекти на случајот. Сега таа ќе биде проследена до обвинителството. Конечната одлука за завршување на случајот согласно законот мора да ја донесе судот“ – објавија од бразилското јавно обвинителство.

Се вчитува...