Затворениот базен во Струга, од руина комплетно обновен и пуштен повторно во функција (ФОТО)

По комплетната реконструкција и доизградба денеска официјално повторно пуштен во функција затворениот базен во Струга, кој долги години беше надвор од употреба.

Агенцијата за млади и спортот и македонската влада денеска преку мала свеченост, како што нагласија им го враќаат затворениот базен на стружани во насока на дополнителен развој на пливачките спортови во градот.

„Среќен сум базенот од моето детство повторно е во функција. Процесот не беше лесен, патот беше тежок, но ние во ниту еден момент не се откажавме. Овој базен изникна како феникс и можам да кажам дека одново се роди гордоста на стружани. Овој базен некогаш беше место од кое излегоа најдобрите пливачи, место каде сме следеле неворојатно возбудливи натпревари, место за дружба и спортски дух! Руината во изминативе години ја оставаме зад нас и Струга повторно има затворен базен како што заслужува. Стружани и водата се како едно. Неправдата што ја доживеа овој базен е исправена. Благодарност до Владата што имаше слух и сериозно го поддржа воскреснувањето на базенот! Овој базен е на сите стружани и верувам и очекувам сите да го почитуваат и да го чуваат“ – рече директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски на отворањето на новореконструираниот базен.

Се вчитува...