Завера во Баерн: Левандовски и компанија му подготвуваат отказ на Нагелсман

Од Минхен одекна завера зад која стои Роберт Левандовски, напаѓачот на Баерн. Полскиот репрезентатиевц и неговите соиграчи не се задоволни од работата на главниот тренер на тимот, Јулијан Нагелсман, па нивната главна мисија е да му иницираат отказ.

Според германските медиуми, на 33-годишниот Роберт не му се допаѓаат тактиките и методите на тренерот. Не само Лева, туку и низа други поддржувачи на германскиот шампион постојано ја критикуваат шемата што ја избира Нагелсман за натпреварите на тимот.

Играчите биле исто така незадоволни од тешките тренажни задачи кои ги дава 34-годишниот Германец. Иднината на Јулијан во тимот на „баварците“ се очекува да биде кристално позната на лето, а дотогаш е сигурно дека ќе остане на челната позиција.

Се вчитува...