Заврши авантурата на Дони ван де Бек на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бек е незадоволен од минутажата која ја има во Манчестер Јунајтед, па затоа сака да го напушти клубот од „Олд Трафорд“.

„Црвените-ѓаволи“ го донесоа Холанѓанецот на стартот на сезонава од редовите на Ајакс за сума од 45 милиони ева, но 23-годиншниот фудбалер не успеа да се избори за место во почетниот состав. Одигра само 13 натпревари во Премиер-лигата, а во нив просечно на терен поминуваше околу 25 минути.

Поради слабата минутажа сезонава веќе не е сигурно ниту неговото место во репрезентацијата на Холандија за Европското првенство. Тој има актуелен договор со Јунајтед до 2025, но веќе е сигурно дека летово ќе го напушти англискиот премиерлигаш.

Се вчитува...