Заврши Европското првенство за Де Јонг

Холандија ги оправда очекувањата во групата во која беше и Македонија откако заврши со максимален учинок од три победи па сега го очекува противникот во осминафиналето од Европското првенство, а тоа ќе биде некоја од третопласираните селекции во групите ‘Д’, ‘Е’ или ‘Ф’.

Меѓутоа добрата атмосфера во тимот на Френк де Бур ја расипа веста за повредата на напаѓачот на Севилја, Лук де Јонг. Искусниот играч се здобил со повреда на коленото на тренинг на тимот па сега ќе мора да паузира неколку недели, пренсуваат холандските медиуми.

Триесетгодишникот немаше запазена улога во тимот во досегашните мечеви, но проблем за селекторот на „лилињата“ е тоа што нема право на замена, па Холадија до крајот на првенството ќе игра до играч помалку.

Се вчитува...