Турската фудбалска Супер лига, наскоро ќе може да добие многу големо и звучно засилување од следната сезона. Бразилскиот дефанзивец Марсело, има големи шанси да ја продолжи кариерата во истанбулски Фенербахче.
Евентуален ваков трансфер, не би значел и првпат ветеран да премине во еден од трите големи клубови во Истанбул, а Марсело на 33-годишна возраст има вистинско време да замине во Турција. Левиот бек на Реал не играше многу минатата сезона, а „бланкосите“ веќе најдоа замена. Давид Алаба од Баерн пристигнува и Бразилецот очигледно ги пакува куферите.
Марсело има договор за следната сезона, но Реал сака да се ослободи од некои играчи кои имаат премногу високи плати, но и премногу години. Марсело е само еден од нив и како што стојат работите тој може да замине во Фенербахче. Турскиот гигант сака да плати дел од платата на Марсело во последната година од договорот со цел да го донесе во своите редови.
Инаку, Фенер, кој не ја освои титулата минатата сезона, има големи амбиции со тренерот Емре Белозолу бидејќи на радарот е и Един Џеко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА