Заврши сагата: Влаховиќ има нов клуб

Долгата трансфер-сапуница околу Душан Влаховиќ се чини дека конечно е при крај. Според информациите на „Кориере дело Спорт“, српскиот напаѓач донел одлука за својата иднина и го избрал Бешикташ.

Турскиот клуб успеал да го убеди Влаховиќ да ја продолжи кариерата во Истанбул, а сега останува да се постигне договор со Јувентус за условите на трансферот.

Влаховиќ во Торино пристигна во 2022 година од Фиорентина, но во последниот период неговата иднина во Јувентус беше под голем знак прашалник. Договорот со италијанскиот клуб му истекува следното лето, па Јувентус сака да избегне ситуација во која српскиот репрезентативец ќе си замине без обесштетување.

Според најавите, трансферот во Бешикташ би можел да му донесе на Влаховиќ најмалку 40 милиони евра, со што би започнало ново поглавје во кариерата на 26-годишниот голгетер.

За Влаховиќ во изминатиот период се поврзуваа повеќе клубови, но Бешикташ сега се појавува како најсериозна опција за неговиот потпис.

Се вчитува...