Заврши уште една трансфер-сага, со хепиенд за Јувентус

Јувентус конечно заврши голема работа на фудбалскиот пазар успевајќи да го доведе Коло Муани од редовите на ПСЖ. Станува збор за голгетер кој ќе ја преземе улогата на лидер на нападот од Душан Влаховиќ, а управата на „црно-белите“ по долги разговори конечно најде заеднички јазик со францускиот гигант постигнувајќи целосен договор за овој трансфер.

Јувентус ќе плати 12 милиони евра за едногодишна позајмица на овој фудбалер, а во договорот стои и клаузула за задолжителен откуп за дополнителни 38 милиони евра што „старата дама“ би ги платила наредното лето. Единствен услов за оваа клаузула да биде активирана е Јувентус да обезбеди пласман во било кое европско натпреварување за сезоната 2027/28.

Коло Муани најверојатно нема да биде единственото засилување за нападот на Јувентус летово откако „старата дама“ покрај од Влаховиќ, се збогуваше и од Опенда, кој по разочарувачката сезона во Јуве замина на позајмица во Лион.

Се вчитува...