Крај на натпреварувањето во Втората македонска фудбалска лига. Брегалница со триумфот над Победа и официјално си го завери пласманот во Првата лига следната сезона, а Скопје и Шкендија Арачиново ќе играат против Пелистер односно АП Брера во баражот за пополнување на последните две места во елитната конкуренција следната сезона.
Во денешното последно коло, Брегалница без проблеми со 7-0 славеше против прилепска Победа, и го завери првото место, поради подобар меѓусебен учинок, пред Скопје.
Шкендија Арачиново си ја осигура третата позиција пред Охрид, благодарение на победата од 2-4 на гостувањето против Каменица Саса. Па, така, залудна беше убедливата победа на Охрид од 7-1 против Слога Виница.
Во Третата лига, пак, следната сезона се селат Вардар Неготино, Преспа, Слога Виница, Победа и Големо Коњари.
ВТОРА ЛИГА – ПОСЛЕДНО КОЛО
Брегалница – Победа 7-0
Каменица Саса – Шкендија Арачиново 2-4
Скопје – Детонит Плачковица 5-1
Преспа – Беласица 0-2
Охрид – Слога Виница 7-1
Новаци – Осогово 3-3
Тетекс – Големо Коњари 6-0
Вардар Неготино – Кожуф 0-5
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
