Завршија Олимписките Игри: „Sayonara Tokio 2021… Bienvenue Paris 2024“

Олимписките Игри во Токио и официјално завршија со свеченото затворање што се одржа на арената во јапонската метропола. Во изминатите 16 дена бевме сведоци на извонредни настапи во бројни спортови, за денеска и официјално да биде спуштена завесата на најмасовното спортско натпреварување.

Олимпискиот пламен беше изгасен, а следните Олимписки Игри ќе се одржат за три години во Европа, поточно во француската метропола Париз.

ОИ во Токио за Македонија ќе останат запаметени по извонредниот настап на таеквондистот Дејан Георгиевски, кој го донесе првото олимписко сребро за нашата земја.

Се вчитува...